10-годишно дете e тешко повредено во сообраќајка на булевар Мито Хаџи Василев-Јасмин

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

653
Фото: МВР

Десетгодишно дете е тешко повредено синоќа во сообраќајна незгода што се случи на булевар Мито Хаџи Василев-Јасмин во Скопје.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила неколку минути по  21 часот кога свтомобил „мазда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(32) од Скопје удрило во дете пешак на возраст од 10 години. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило детето, по што било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...