1.600 домаќинства од Скопје побарале субвенции за инвертери

295
20151130 Monday 1420 sednica na sovetot sovet na grad skopje

Исцрпени се средствата предвидени за субвенции за набавка на инвертери за 2019 година, односно до денеска до 15 часот се пристигнати околу 1.600 барања, информираат од Град Скопје.

– Со ова, условот за завршување на јавниот повик на Град Скопје е исполнет, а барањата на граѓаните за надоместување на дел од трошоците за набавка на инвертери за 2019 година вработените во архивата на Град Скопје утре нема да ги примаат, се наведува во денешното соопштение од Град Скопје.

Со јавниот повик Градот Скопје на граѓаните што имаат купено инвертер  од 1 јануари 2019 година до денот на завршувањето на повикот ќе им исплати субвенции  во износ од 50 отсто од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход. Овој повик се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Право на субвенционирање на дел од средствата за купување на инвертери во 2019 година имаат физички лица кои се жители на Град Скопје (општините во градот: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари) и кои имаат купено инвертер по 1 јануари 2019 до денот на завршувањето на повикот и поднесоа барање за надоместување на дел од трошоците за негова набавка.

Субвенционирањето на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување  е активност предвидена во мерките од Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и е дел од мерките на Акцискиот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...