Пред пет дена, на 13 септември, до Основниот граѓански суд во Скопје стигнал предлог да се отвори стечајна постапка за 1 ТВ. Предлогот е поднесен од самиот должник.
Од судот велат дека предметот е сѐ уште во работа и во наредните денови треба да биде познат натамошниот тек на постапката.
По отворањето на истрагата за „Рекет“ на 15 јули, каде првоосомничен е Бојан Јовановски кој во јавноста се претставуваше како сопственик на телевизијата, вработените во медиумот продолжија со работа уште десетина дена, по што заминаа на колективен одмор.
По куса пауза, телевизијата почна со емитување на вести, сѐ до почетокот на септември кога прекина да емитува програма.