Џумхур по 50 минути го предаде мечот, Ѓоковиќ во четвртфиналето во Париз

307
ФОТО: EPA-EFE / JASON SZENES

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ  се пласирашe во четвртфиналето на Мастерсот 1000 што се игра во Париз. Во мечот од осминафиналето попладнево, Дамир Џумхур од БиХ по 55 минути игра го предаде мечот при резултат 6:1 во првиот сет за Ѓоковиќ и  2:1 во вториот сет.

Наредниот противник на Ѓоковиќ ќе му биде хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, кој во првиот денешен меч го совлада Григор Димитров од Бугарија со 7:6 (7:5) и 6:4 во сетови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...