Џудисти од земјава на меѓународен турнир „Џудо за мир“ во Косово

Домаќин на младите спортисти од Косово, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Австрија, Турција, Босна и Херцеговина и Романија, ќе биде олимпискиот тим на Косово, предводен од најпознатата косовска спортистка, олимписката и повеќекратна светска и европска првенка во џудо, Мајлинда Кељменди.

43

Млади џудисти од Северна Македонија и од неколку европски држави ќе учествуваат денеска на меѓународниот турнир насловен „Џудо за мир“, што ќе се одржи во градот Пеќ во организација на Федерацијата на џудото на Косово и на месниот клуб „Ипон“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тренерот на косовската репрезентација, Дритон Кука очекува натпревар кој ќе биде значаен за сите млади џудисти кои тежнеат да се појават на меѓународната арена.

Домаќин на младите спортисти од Косово, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Австрија, Турција, Босна и Херцеговина и Романија, ќе биде олимпискиот тим на Косово, предводен од најпознатата косовска спортистка, олимписката и повеќекратна светска и европска првенка во џудо, Мајлинда Кељменди.

Турнирот ќе се одржи во спортската сала „Карагач“ во родниот град на Кељменди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...