Британската соул пејачка Џос Стоун тврди дека е депортирана од Иран по пристигнувањето во Исламската Република, која дошла да ја посети во рамките на светската концертна турнеја, иако не планирала да настапува таму. Сепак тамошните власти не ѝ верувале дека нема да настапи и ја депортирале од земјата.
Пејачката на Инстаграм поставила видеоснимка во која се гледа дека е покриена со марама.
„Пристигнавме во Иран, нè уапсија и потоа депортираа“, рекла британската пејачка и додала дека соло настапите на женските изведувачи во Иран се нелегални, но дека сепак, посакала да ја види таа земја.
Џош по видеоснимката напишала дека иранските власти ја ставиле на „црната листа“, бидејќи се сомневале дека би можела да одржи концерт.
Претставниците на власта со кои се состанала по доаѓањето на островот Киш, ги опишала како професионални во текот на нивната конверзација.
– Тоа се навистина љубезни луѓе кои се чувствуваат лошо, бидејќи не можат да ги надминат ограничувањата на системот – рекла Џос.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.