Џон Бон Џови: Никогаш нема да ме видите со љубовница! Ова е љубовта на мојот живот! ФОТО+ВИДЕО

Сопружниците успеале да постигнат оптимална рамнотежа и хармонија во бракот.

3996

Џон Бон Џови за љубовта на својот живот и бракот долг 30 години.

Музичарот вели: „На сцената јас сум рок-ѕвезда. А, дома – татко на четири деца и сопруг. Дома воопшто не се однесувам како ѕвезда!“

Џон Бон Џови, американски музичар и основач на популарниот рок-бенд „Бон Џови“, живее со својата сопруга веќе три децении.
„И замислете, ниеднаш не сум зажалил поради тоа“, рекол пејачот.
Иако тоа за повеќето негови обожавателки било тежок удар.
Многу срца биле скршени кога во 1989 година, тој со својата средношколска љубов побегнал во Лас Вегас и се оженил. Во тоа време, Џон бил на врвот од славата, па фановите јавно негодувале. Но, тоа не ја променило неговата одлука.
Сега, по 30 години брак, и понатаму е среќен и совршена реклама за задоволен сопруг и татко.
На прашањето што мисли за фактот што негови врсници веќе се разведуваат од третата или четвртата сопруга, музичарот одговора:
„Тоа не е моја опција. Првиот пат многу добро разбрав сè. Мојата сопруга сепак е лепилото што го држи нашиот брак. Јас сум луд сонувач, кој постојано е во облаци. Жена ми храбро ме следи и додека лебди со мене, таа по пат ги држи сите конци. Секогаш е тука за да ја спаси ситуацијата!“

Бракот на Бон Џови и неговата сопруга најпрво предизвикувал само огорчување кај луѓето, особено во текот на првите години од бракот.

– Тоа навистина беше шок за сите. Сепак, им бев идол на многу млади девојки, а потоа одеднаш станав оженет човек. Кога се вратив од Лас Вегас и му кажав на мојот менаџер дека сум се оженил, тој полуде: „Дали воопшто знаеш што значи тоа за твојата кариера?“, негодуваше. Се каравме со денови.“

Сопружниците успеале да постигнат оптимална рамнотежа и хармонија во бракот.

„Никогаш не сум имал и никогаш нема да имам семејство со некоја друга жена или љубовница. Никогаш нема да прочитате нешто слично за мене. Факт е дека едноставно тоа не ми треба во животот и дека не ми е интересно“, додава тој.

Image result for џон бон џови

File:Jon Bon Jovi at the 2009 Tribeca Film Festival 3.jpg

Извор: (Stil.kurir.rs)

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...