Џонсон побара од Макрон да го „протурка“ договорот за Брегзит

91
ФОТО: EPA / NEIL HALL / POOL

Британскиот премиер Борис Џонсон побара од францускиот претседател Емануел Макрон да „протурка“ да се обезбеди договор за Брегзит, соопшти синоќа кабинетот на Џонсон.

Џонсон исто така му рече на Макрон дека Европската унија не треба погрешно да верува дека Велика Британија ќе остане во ЕУ по 31 октомври.

Џонсон разговарал за неговиот предлог за брегзит со Макрон и со премиерот на Португалија Антонио Коста.

„Ова е можност да се постигне договор. Договор поддржан од парламентарците и договор што вклучува компромис од сите страни. Велика Британија направи голема, важна понуда, но време е Европската комисија да покаже волја за компромис. Ако не биде така, Велика Британија ќе да ја напушти ЕУ без договор“, рече добро информиран официјален претставник од Даунинг стрит.

ФОТО: EPA / NEIL HALL / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...