Британскиот премиер Борис Џонсон одби да ја коментира кризата во кралското семејство која ја предизвика најавата на принцот Хари и неговата соприга Меган Маркл.
Тие изјавија дека ќе се повлечат од должноста на високи членови на кралското семејство.
– Не коментирам работи кои имаат врска со кралското семејство – рекол Џонсон, одговарајќи на прашањето дали ова е тажна ситуација за кралицата Елизабета Втора.