Џонсон не мисли на оставка

124
ФОТО: EPA / NEIL HALL / POOL

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека не е подготвен да размислува за оставка.

– Ќе заминам во Брисел, ќе обезбедам договор и ќе излеземе од ЕУ на 31 октомври – истакна Џонсон.

Запрашан дали ќе поднесе оставка доколку тоа не се случи, тој одговори оти тоа не е хипотеза за која е подготвен да размислува.

Џонсон во вторникот претрпе голем пораз во Парламентот, бидејќи противниците меѓу неговите ториевци и опозициските пратеници гласаа за преземање контрола врз излезот на Велика Британија од ЕУ.

Законот, кој има за цел да спречи Брегзит без договор, го обврзува Џонсон да побара од Брисел продолжување на рокот за излез на Британија од Унијата по 31 октомври.

ФОТО: EPA / NEIL HALL / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...