Џонсон: Клучно е да се финализира Договорот од Преспа за да одите напред

76

– Од клучно значење е да се финализира договорот за да одите напред, вели американскиот сенатор Рос Џонсон, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Џонсон вели дека Договорот од Преспа е разумен и потребен и за двете страни и потенцира дека навистина „ја цени политичката храброст од двете страни“.

– Мислам дека секако ќе помогне за стабилноста на регионот. Разбирам дека станува збор за чувствително прашање. Луѓето се горди на нивното наследство, на името и од двете страни. Мислам дека е многу разумен договор. Мислам дека беше потребна политичка храброст и од политичките лидери на двете земји, вели сенаторот Џонсон, кој изминатиот викенд беше на Меѓународниот саем во Солун.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...