Џони Деп, Џон Траволта и Доналд Трамп номинирани за „златна малина“

166

Номинациите за „златни малини“ – „признанијата“ за најлоши филмски достигнувања во годината, се официјално објавени. Во веројатно најнепријатната категорија – онаа за најлош филм, ќе се натпреваруваат пет проекта: биографскиот „Готи” со Џон Траволта, комедиите „Среќни убијци” и „Холмс и Вотсон”, засега последната екранизација на „Робин Худ” (со Тарон Еџертон и Џејми Фокс) и хоророт „Винчестер”.

Номинирани за најлоша женска улога се Џенифер Гарнер, Амбер Хард, Мелиса Меккарти, Аманда Сеејфрид и Хелен Мирен. Kај мажите битката ќе биде меѓу Џони Деп, Вил Фарел, Џон Траволта, Брус Вилис и Доналд Трамп.

Американскиот претседател е „удостоен“ со две номинации за „златна малина” – за улогата во сам себе во филмовите „Смртта на една нација“ и „Фаренхајт 11/9″ на режисерот Мајкл Мур, како и во категоријата „Најлоша филмска двојка”. Неговата сопруга Меланија Трамп, исто така, е номинирана за „Најлоша споредна женска улога”, исто за филмот на Мур.

Овогодишното 39-то издание на Наградите златни малинки, ќе се одржи на 23 февруари, традицинално – ден пред „оскарите“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...