Џони Деп тврди оти модринките на Амбер се лажни, таа него му нанела повреди?

228
ФОТО: ЕПА

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ тврди дека Амбер Херд си ги „нацртала модринките“ и дека таа на него му нанела „сериозни повреди на телото“. Тој додал дека таа тоа го сторила додека била под дејство на микс од „препишани амфетамини и непрепишани апчиња со алкохол“. Според него, инцидентите се случиле повеќе пати, со различно оружје, вклучувајќи лименки со сода и конзерви со боја, пренесува „Е! News“.

Но, според неговите зборови насилството не било само физичко, ами и емоционално. Во еден случај, Амбер или некој од нејзините пријатели, наводно го „намокрил“ неговиот кревет како „некој вид на ненормална шега“.

Претходно неговата поранешна сопруга дала фотографии од нејзини модринки, од уништени работи за кои таа го обвинува Деп, скриншотови од текст пораки во кои се опишуваат инцидентите, во кои таа зборува за наводно насилство.

Адвокатот на Амбер ги негирал сите обвинувања од Деп.

– Доказите во овој случај се јасни: Деп постојано ја тепаше Амбер – соопштил тој, опишувајќи ги обвинувањата на актерот како „очајни за да си ја спаси кариерата“.

ФОТО: ЕПА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...