Џони Деп крвав лежи во болница, Амбер гасела цигари од неговото лице ФОТО

Џони изјавил пред судот дека тој ден се обидувал да ја избегне налутента Амбер по секоја цена, но не успеал.

16382

И тамам кога помисливме дека поранешната брачна двојка прекина со јавните обвинувања, во јавноста протече фотографија на славниот актер снимен во една болница во Австралија во 2015 година, на која тој лежи крвав на болнички кревет по физичката пресметка со Амбер, а на десниот образ се гледа и рана од отпушок. .

Темпераментната Амбер го гаѓала Џони со шише, му го повредила прстот, а потоа и му изгасила цигара на лицето. Кавгата а се случила додека сѐ уште биле во брак затоа што на Амбер не ѝ се допаднала идејата дека актерот сака да направи „пост-свадбен договор“ со својата сопруга поради финансиски причини. По разговорот со неговите адвокати, актерката полудела и ја започнала кавгата.

Џони изјавил пред судот дека тој ден се обидувал да ја избегне налутента Амбер по секоја цена, но не успеал. Тој, исто така, признал дека испил две чаши вотка пред да избувне караницата, иако претходно бил трезен една година. Фотографијата на која е актерот била снимена неколку часа по пресметката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...