Актерот, продуцент и музичар Џони Деп наводно е снимен во Будва во друштво на русокоса девојка со која танцува на песна од српската фолк-пејачка Ана Бекута.
Во видеото кое кружи по Инстаграм се гледаат наводно холивудскиот актер и за јавноста непозната девојка како танцуваат на песната „Златиборске зоре“.
Многумина не веруваат дека тоа е Деп. Холивудскиот актер, има дури четири дублери, кои наместо него снимале поедини сцени за филмот „Минимата“, што некои ги навело да помислат дека на видеото не е актерот, туку некој од неговите дублери.
Деп на почетокот на годината престојуваше во Белград, снимајќи го филмот „Минимата“, подоцна се префрли во Тиват со приватен авион, на црногорската ривиера требаше да се задржи една недела, со можно продолжување.