Џони Деп се вкочанил за време на снимањето на филмот „Минамата“

Веднаш по повредата на актерот, луѓето од продукцијата се обратиле за помош до началничката на болницата во Рисан, д-р Рената Бергам Грандис, која инаку е тетка на актерката Марија Бергам.

588

Холивудскиот актер Џони Деп го повреди вратот при на снимањето на последните кадри од филмот „Минамата“ во црногорскиот град Тиват.

Веднаш по повредата на актерот, луѓето од продукцијата се обратиле за помош до началничката на болницата во Рисан, д-р Рената Бергам Грандис, која инаку е тетка на актерката Марија Бергам.

Информацијата за повредата на Деп на Фејсбук ја објави самата Бергам Грандис, која го имобилизирала вратот на актерот.

– Мојот пациент нешто се вкочанил за време на снимањето на филмот „Минамата“- објави Бергам Грандис на Фејсбук под фотографијата со Деп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...