Судските рочишта ќе се забрзаат, ќе се зголеми ефикасноста и транспарентноста, порачаа претседателот на Основниот кривичен суд, Иван Џолев, и амбасадорката на САД, Кејт Брнс, по промоцијата на на адуио опремата за снимање во 25 судници во скопскиот суд, која е американска донација.
Џолев се заблагодари и порача дека тие ќе работат да ја променат перцепцијата на граѓаните за судството.
– Декларативноста во владеењето на правото бара инвестиции во човечки и материјална ресурси. Во периодот наназад правосудниот систем не беше добро оценуван од стана на граѓаните, меѓутоа таа перцепција постојано ја менуваме и ќе гледаме скроз да ја подобриме, бидејќи оправдување за евентуален неуспех не смее да постои – рече Џолев додавајќи дека со аудио опремата доследно ќе се применува Законот за кривична постапка.
Амбасадорката смета оти опремувањето на судниците со аудио опрема е важен чекор кон владеењето на правото бидејќи странките во судските процеси ќе бидат пофокусирани и ќе има поголема правичност и точност.
– Верувам дека ова е важен чекор кон зајакнување на владеење на правото. Ја зголемува довербата на јавноста во институциите, а судиите, обвинителите и адвокатите ќе може да се фокусираат на тоа што го кажуваат и да слушаат наместо на фаќањето белешки. Постоењето на адуио запис ја зголемува правичноста и точноста – рече Брнс.