Џолев: Спасовски не го вперува прстот кон судиите од Кривичен

287

Претседателот на Кривичниот суд во Скооје, Иван Џолев, не смета дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ги прозива судиите од скопскиот суд на чие чело е тој.

– Јас лични сметам дека кога министерот ги прозива обвинителите и судиите во врска со неопределувањето мерки, не посочува со прст кон судиите од Кривичен. Овој суд е апсолутно независен, ние како суд се имаме оградено од сите можни влијанија, одлуките кои се носат се избалансирани и правични – рече Џолев на брифингот со новинарите.

Ваквиот негов коментар доаѓа откако неодамна министерот Спасовски повторно го коментираше правосудството и рече дека треба да се отворат истраги и за судиите обвинители и припадници на МВР. Не е прифатливо, изјави министерот, МВР да отвора случаи, да ги води, да се дојде до ситуација на покренување истрага, апсења и по неколку часови тие исти луѓе да бидат пуштени од страна на судот.

Во судот, посочуваат дека можеби одговорот треба да се бара на друго место, а во таа насока ги споделуваат и нивните статистики. Според нив, во текот на 2018, СЈО барало притвор за 6 лица, од кои четворица се осомничени во „Империја“, меѓу кои и Сашо Мијалков и Орце Камчев. Кривичен тогаш одобри притвор за четворицата од „Империја“, кој потоа беше преиначен од Апелација во домашен за на крај Врховен да го укине.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, пак, лани барало притвор за вкупно 123 лица, а од Кривичен одобриле притвор за 121. За куќен притвор имало 2 барања, и двете биле одобрени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...