Џолев сака да спаси пет случаи на СЈО, поротничките чекаат разрешување

827

Две судијки поротнички на кои им завршува функцијата се очекува утре, Судскиот совет да ги разреши, а тоа ќе потттикне ТНТ, „Талир“, „Тендери“, „Топлик“ и „Монструм“ да се вратат на почеток затоа што овие поротници се дел од судечкиот совет во петте предмети.

Според Законот за судови на судија поротник му прекинува функцијата кога ќе наполни 60 години, а мандатот им трае четири години.

„Судскиот совет одржа работен состанок и, имајќи ги предвид наведените законски одредби, донесе заклучок согласно кој престанок на функцијата судија поротник на наведените судии поротници во Основниот кривичен суд Скопје ќе констатира на првата наредна седница“, наведуваат од Судскиот совет.

Иван Џолев, претседателот на Основниот кривичен суд во Скопје, испратил писмо до советот со кое барал на двете судијки кои веќе имаат по 60 години да им се продолжи мандатот заради исклучителен јавен интерес и за обезбедување на владеење на правото.

Тој додал дека ако Судскиот совет не одлучи да го продолжи мандатот, тогаш да започне постапка за престанок на функцијата на двете поротнички.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...