Џолев на паузата не можел да одлучи за изземањето, одложено судењето за Центар

Поради зафатеноста на адвокатите, судијата Душан Јосифов, закажа две рочишта за 1 и 6 јуни кога ќе се сослушуваат сведоци на СЈО.

669

Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев не бил во можност за време на паузата да одлучи за барањето за изземање на судии, па судењето е одложено и ќе продолжи во јуни.

Поради зафатеноста на адвокатите, судијата Душан Јосифов, закажа две рочишта за 1 и 6 јуни кога ќе се сослушуваат сведоци на СЈО.

Барањето за изземање беше поднесено непосредно пред почетокот на денешното рочиште. Го поднесе Боро Тасеваки, еден од адвокатите на Никила Груевски, кој е првообвинет во предметот, со образложение дека Катица Јанева во емисија на 24 ТВ изјавила дека постојат судии кои се нелегално прислушувани. На ова реагираше обвинителката Фатиме Фетаи која рече дека не може да се бара изземање на претседателот и заменикот на судот освен ако тие не постапуваат во овој предмет како судии.

За претседателот на Апелација и заменикот, обвинителката рече оти не може ни за нив да се бара изземање бидејќи предметот не е во фаза на постапување пред второстепениот суд. За изземањето на судијата Душан Јосифов кој го води овој предмет, Фетаи рече дека судот треба да се произнесе за него, но ако тој бил оштетен ќе се знаело тоа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...