„Џокер“ соборува рекорди: Само во текот на викендот контроверзниот филм заработил 234 милиони долари

Публиката поитала во киносалите и покрај насилничката тематика која доведе до зголемување на безбедноста во околината на киносалите и забрана на носење на костимот при гледањето на филмот.

684

Филмот „Џокер”, со Хоакин Феникс во главната улога, заработи 93,5 милиони долари од продажбата на карти во 4.474 киносали во Северна Америка по премиерата во текот на минатиот викенд, со што го собори октомврскиот рекорд на благајните.

Претходно тој рекорд го држеше филмот „Веном” кој по премиерата во октомври лани заработи 80 милиони долари.

Во другите делови на светот, „Џокер“ досега заработил 140,5 милиони долари, што значи дека вкупно – 234 милиони долари.

Се чини дека режисерот и студиото кои стојат зад филмот имаат причина да се радуваат, бидејќи публиката поитала во киносалите и покрај насилничката тематика која доведе до зголемување на безбедноста во околината на киносалите и забрана на носење на костимот при гледањето на филмот.

Филмот „Џокер“ предизвика контроверзии и беше критикуван поради психолошкото портретирање на психопат убиец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...