За четворица инспектори во градскиот инспекторат биле преземени дисциплински постапки поради несоодветно работење.
– Во иднина ќе имаат џи пи ес со цел во секое време да имаме увид што работат инспекторите и комуналите редари за да нема злоупотреби или давање лажни извештаи – рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешниот брифинг со новинарите.
Тој извести дека имале 81 претставка од граѓани за несоодветно и некоректно работење на градската администрација.
– За секоја од овие претставки е поднесена постапка – додаде Шилегов.
Имало жалби дека се задржуваат предмети, вработениот не бил на работното место во работното време, не се јавувале на телефон и слично.
– До сега се изречени 19 опомени за вработените – рече Шилегов.
Тој апелираше до сите граѓани да ја пријават секоја неправилност кај градската администрација на мејлот kontrola@skopje.gov.mk.