Сто и првото издание на легендарната трка Џиро ди Италија за прв пат почна во Израел, а на првата етапа најдобрите светски велосипедисти возеа индивидуален хронометар во должина од 9,7 километри.
Холандскиот велосипедист Том Димулан, кој лани триумфираше на Џирото, победи на првата етапа која стартуваше од Ерусалим.
Димулан оставри најдобро време од 12:02 минути, а зад него беа Австралијанецот Денис Рохан и Белгиецот Виктор Кампенаертс кои имаа за две секунди послаб резултат.
Британецот Крис Фурм, кој минатата сезона ги освои Тур де Франс и Вуелта, првата етапа на годинашното Џиро ја заврши на 21 место.
Фрум на тренингот пред стартот се повреди, но и покрај тоа возеше на етапата од Ерусалим иако беше видливо дека не е во посакуваната форма.
Втората етапа ќе се вози од Хаифа до Тел Авив во должина од 167 километри.
Фото: EPA/ALESSANDRO DI MEO