Џилардино го напушта фудбалот

150

Италијанската легенда Алберто Џилардино стави крај на неговата кариера, пренесоа медиумите во земјата. Светскиот шампион со „азурите“ од 2006 година добил предлог од трето лигашот Про Пјаченца, но решил да го одбие.

Напаѓачот има 272 гола во кариерата, од кои 188 во Серија „А“. Во текот на летото Џилдарино почна да зема курсеви за тренер.

Ветеранот во својата кариера има освоено и трофеј од Лигата на Шампионите со Милан, а освен тоа се натпреварувал за еден куп италијански тимови како Фиорентина, Верона, Парма, Џенова, Палермо, Емполи, Пескара, Специја, Болоња и други

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...