Џејми Оливер фати крадец што му влегол во домот

448

Соседите го нарекоа Џејми Оливер вистински херој откако славниот готвач успеал да фати и да собори агресивен крадец.

Џејми доживеал драма кога крадци се обиделе да ја ограбат неговата вила вредна 10 милиони евра. Тој уживал со своите деца кога слушнал звуци во својот дом. Готвачот веднаш се упатил кон крадците и почнал да трча по нив кога тие се разбегале низ улицата. Во еден момент, Џејми успеал да фати еден од нив и по кратка борба, го соборил на земја и го држел додека дошла полицијата.

– Навистина беше неверојатен. Додека сите шокирано гледаа, Џејми дури и се шегуваше со полицијата и им се заблагодари што пристигнале брзо – тврдел очевидец.

Друг очевидец, пак, посочил дека она што го направил 43-годишниот Оливер било многу храбро и несебично.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...