Актерката и пејачка Џесика Симпсон, се пофали на Инстаграм со новата, тенка фигура. Шест месеци по породувањето, актерката се „преполови“. Во третата бременост имаше над 100 килограми, а сега е полесна за 45 килограми.
Пејачката, актерка и дизајнерка имала големи проблеми во својата трета бременост, па затоа често се жалеше на отечени стапала и нозе, страдала од несоница, се борела со вознемиреност и болки во грбот, а сите проблеми биле резултат на прекумерната телесна тежина, па на крајот на нејзината бременост вагата покажала 108 килограми.
„Јас сум многу горда што повторно се чувствувам задоволно во мојата кожа. Дури и кога ми се чинеше невозможно, секогаш одбирав напорна и напорна работа“, напишала Џесика покрај фотографијата на својот Инстаграм- профил на која позира во црн фустан кој дополнително ја потенцирал нејзиниот вита линија.
FOTO: Instagram/Printskrin