Актерката Џесика Алба многу се кае поради некои тетоважи кои ги направила во младоста.
– Имам неколку тетоважи и морам да прзинаам дека се каам поради една, всушност, две – признала 38-годишната актерка.
Едната тетоважа ја опишала како печат среде грбот, а другата која жали што ја направила е букет цвеќе истетовиран на вратот.
„Го имам од мојата 17. година и многу ме иритира. Одев неколкупати на ласерско остранување, но ништо не ми помогна – рекла актерката.
Иако се кае поради овие тетоважи, мајката на три деца се подложила на ново тетовирање и овојпат се одлучила за хороскопски знаци на своите три деца.
„Кога сте млади и имате 17 години, не размислувате дека тетоважата треба да имаат некое длабоко значење. Затоа сега на 38 години, ги истетовирав хороскопските знаци на моите деца, бидејќи тие се целиот мој живот – рекла актерката.
FOTO: Profimedia