Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, гледа позитивно на пласманот на Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите.
„Белите“ вчера одиграа 2:2 против германскиот гигант дома и така со вкупен резултат 4:3 направија важен чекор кон дуелот за титулата, кој ќе се одигра во украинскиот главен град Киев.
Ливерпул изгледа како поверојатниот противник за средбата на 26 мај, бидејќи има предност од 5:2 пред вечерашниот реванш против Рома.
Во контекст на ова, Џерард беше прашан дали Ливерпул треба да се чувствува посреќен од фактот дека „лос бланкос“ се во финалето, а не Баерн Минхен.
– Со оглед на она што го видовме во двата натпревара, тоа сигурно е така. Видете го тимот на Ливерпул – тој е силен. Момчињата навистина можат да го совладаат овој тим на Реал Мадрид, прокоментира Џерард.
Стиви Џи смета дека Баерн треба да жали за елиминацијата, бидејќи доминирал во двата натпревара, создал многу шанси и изгледал како далеку посилен ривал.