Сега е и официјално. Актерката Џенифер Лоренс (29) се омажи за сопственикот на њујоршката галерија Кук Марони на островот Род, пишуваат американските медиуми.
Венчавката била одржана во луксуна вила на овој раскошен и мирен остров, а церемонијата била одржана во строга тајност иако од септември постоеле гласини дека овој пар ќе застане пред олтар.
Меѓу 150-те поканети гости биле и славните холивудски ѕвезди: Сиена Милер, Ема Стоун, Крис Џенер, Камерон Дијаз, Адел, Никол Ричи, Ејми Шумер и други.
Како што пишуваат американските медиуми, убавата Џенифер судбоносното „да“ го кажала во едноставна, романтична венчаница од модната куќа „Диор“ каде што е и заштитно лице, а на Инстаграм по венчавката се појавила и фотографија од госпоѓа Марони на која се гледа колку многу е среќна.
Парот се сврши во февруари оваа година, а заедно се од јуни 2018 година. Целата церемонија била во знакот на романтиката, а гламурозното славење продолжило до утринските часови.
FOTO: Instagram/Printskrin