Џенифер Лопез се вери со поранешната безбол ѕвезда Алекс Родригез, а информацијата, заедно со вереничкиот прстен на рака двајцата ја објавија синоќа на социјални мрежи.
Светската музичка ѕвезда со 43-годишниот Родригез беа во врска две години.
„Таа кажа Да“, објави на Родригез на Твитер.
За популарната пејачка и актерка ова ќе биде четвртиот брак, претходно Џеј Ло беше во брак со Охани Ноа, Крис Џад и со Марк Ентони, со кого ги има близнаците Макс и Еми.
И тој како и Џенифер (49) е разведен со две деца од претходните два брака со Кејт Хадсон и со Камерон Дијаз.