Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез откри дека, иако допрва треба да го одреди датумот на венчавката со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, постои едно што е сигурно, а тоа е дека нејзиниот син Макс ќе ја испрати до олтарот.
Џеј Ло откри дека за својот трет брак ќе ја прекрши традицијата и ќе дозволи да ја испрати нејзиниот син наместо таткото Давид.
Макс и неговата сестра близначка Ема, Џенифер ги доби со поранешниот сопруг, пејачот Марк Ентони.
Латино дивата на почетокот на март се сврши со поранешниот Алекс Родригез по две години врска.
Двојката уживала на одмор кога Алекс се одлучи да клекне пред својата сакана и ја праша дали сака да се омажи за него.