Џенифер и Бред не можат да ги тргнат рацете еден од друг: Емотивна средба на наградите САГ ФОТО+ВИДЕО

Парот за кој сите сакаат да се смири имал момент за кој денеска сите зборуваат.

820

Меѓу поранешните сопружници очигледно е дека сè уште има силни емоции, а нивните фанови не можат да бидат посреќни.

Обожавателите на Бред Пит и Џенифер Анистон по 26-тото доделување на САГ наградите не можат да бидат повозбудени.

Парот за кој сите сакаат да се смири имал момент за кој денеска сите зборуваат.

Бред ја освои наградата за најдобра изведба во филмот „Беше еднаш во Холивуд“, а потоа Џенифер освои награда за својата улога во драмската серија „Утринско шоу“

И додека Џенифер неговиот говор го следеше во живо, Бред во моментот кога таа излегуваше на сцена не бил во салата, но на социјалните мрежи се појави снимка на која тој стои во бекстејџот и како хипнотизиран го следи говорот на Џенифер на телевизорот.

Потоа двајцата конечно се сретнале лице в лице, а фотографите бидејќи биле во нивна близина го искористиле моментот па настанала оваа легендарна фотографија која денес кружи по социјалните мрежи.

FOTO: Tviter/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...