Џенифер Анистон снимена вознемирена и расплакана пред ресторан ФОТО

Додека го чекала својот автомобил, Џенифер изгледала многу вознемирено и на некои фотографии се чини дека плаче.

1058

Џенифер Анистон (50) неодамна беше фотографирана на вечера со пријателите во Лос Анџелес. По вечерата, актерката весело се прегрнала и избакнала со пријателите, но набрзо нешто ѝ го променило расположението.

Додека го чекала својот автомобил, Џенифер изгледала многу вознемирено и на некои фотографии се чини дека плаче, но не се знае што се случило, пренесуваат американските медиуми.

Фановите се убедени дека станува збор за приватен проблем затоа што на деловниот план, актерката оди и тоа како добро. Нејзиниот профил на Инстаграм ги сруши сите рекорди на посетеност само 24 часа откако таа ги отвори, а нејзината нова серија „The Morning Show“ веќе доби втора сезона за гледаност.

Фотографиите можете да ги погледнете тука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...