Холивудската миленичка Џенифер Анистон беше меѓу ретките ѕвезди кои немаат профил на Инстаграм, но откако го отвори, бројот на нејзините обожаватели не престанува да расте.
Со првата објава ја блокираше оваа популарна социјална мрежа, а оттогаш не престанува да нè воодушевува со своите објави.
Овојпат своите интернет пријатели одлучила да ги запознае со кучето Клајд, или како што таа го нарекува, „најдобриот пријател“.
„Најдобриот пријател на жената. Денес го носам Клајд на работа“, напишала актерката покрај фотографијата со својот миленик.
Џенифер е толку популарна на Инстаграм, што фотографијата за само половина час собрала милион и пол „лајкови“, а сега има повеќе 5 милиони „лајкови“.
„Воопшто не си остарена“, напишал еден од фановите.
„Какви нозе“, е еден од коментарите.
„Престанав да дишам на пар секунди, колку си згодна!“, ја пофалил некој од обожавателите на Инстаграм.
FOTO: Instagram/Printskrin