Актерската двојка Џенифер Анистон и Џастин Теру во март минатата година ставија точка на двегодишниот брак. Оттогаш, според пишувањата на американските медиуми, ретко се среќавале и речиси не ни комуницирале.
Сепак, неодамна се сретнале, за заедно да ги поминат последните моменти со нивното куче, германскиот овчар по име Доли.
Актерот објавил фотографија на која се гледа кучето опкружено со свеќи и како тие двајца се држат за раце.
„Нашиот најсакан член од семејството, Доли, почина после херојска борба, опкружена со најмилите“, напишал актерот покрај фоотграфијата, а обожавателите им порачале дека е тажно, но и убаво што се нашле еден покрај друг во овој момент.
Џенифер германскиот овчар го вдомила во 2006 година, а името ѝ го дала по кантри пејачката Доли Партон.
FOTO: Instagram/Printskrin