Џенифер Анистон и Анџелина Џоли се сретнале само еднаш во животот

387
ФОТО: EPA / FRANCK ROBICHON

Џенифер Анистон и Анџелина Џоли не се во добри односи, а причина за тоа е она што им е заедничко – Бред Пит сега на двете им е поранешен сопруг.

Анистон зад себе има два пропаднати брака, а првиот пат се омажи 2000 година, и тоа за својот колега глумец, Бред Пит. Нивниот брак траеше пет години, а причината за разводот беше неговата врска со Џоли, што настана при снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит”.

Во интервју за „Венити фер”, Џенифер откри дека со Анџелина се сретнала само еднаш во животот. Тоа се случило на некој паркинг, непосредно пред почетокот на снимањето на филмот каде што Бред и Анџелина имаа главни улоги. Анистон тогаш сè уште ја снимала серијата „Пријатели“.

И, во таа прилика, Џенифер ѝ рекла: „Бред е многу возбуден што ќе има можност да работи со Вас. Се надевам дека добро ќе се забавувате.”

Набргу потоа, Анистон и Пит се разведоа, а тој речиси веднаш влезе во врска со Анџелина. Бред и Анџелина се венчаа 2014 година, но се разведоа по две години, и тоа прилично бурно.

ФОТО: EPA / FRANCK ROBICHON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...