Џенер оди в џунгла, ќе се натпреварува во „Јас сум ѕвезда, извадете ме оттука“

Со Џенер во џунглата ќе биде и поранешната членка на „Girls Aloud“, Надин Којл. За Којл се вели дека е на листата со надеж дека ќе каже нешто за минатото на групата.

830
ФОТО: Инстаграм

Ѕвездата на „Keeping up with the Kardashians“, Кејтлин Џенер е една од натпреварувачите во новата сезона на „Јас сум ѕвезда, извадете ме оттука“, пренесува „Метро“.

Џенер – татко на Кендал и Кајли и поранешен сопруг на Крис Џенер – ќе оди во Австралија за да земе учество во познатото британско шоу. Наводно, ќе го земе најголемиот надоместок за учество досега – дури 500.000 фунти.

– Ја прашуваа секоја година дали сака да учествува, таа најпосле прифати – вели извор за „Сан“.

Со Џенер во џунглата ќе биде и поранешната членка на „Girls Aloud“, Надин Којл. За Којл се вели дека е на листата со надеж дека ќе каже нешто за минатото на групата.

Диџеј, фудбалер, актерка, водителка, рагби играч, синот  на пејачот од „Wham!“, како и победникот на Х Фактор, дел од групата „Рак-Су“, Мајлс Стипенсон исто така ќе бидат дел од играта.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...