Џеки Чен се огласи по гласините дека има коронавирус

За да ги разреши недоумиците, херојот на многубројни акциони филмови се огласи на Инстаграм, каде наведува дека е здрав.

328

Деновиве се појави информација која ѝ привлече внимание на светската јавност, а тоа е дека славниот актер Џеки Чен наводно има коронавирус и дека е во карантин.

За да ги разреши недоумиците, херојот на многубројни акциони филмови се огласи на Инстаграм, каде наведува дека е здрав.

„Ви благодарам на сите за грижата! Сигурен сум и здрав, многу здрав. Ве молам, не се грижете, не сум во карантин. Се надевам дека сите ќе останат сигурни и здрави“, напишал Џеки Чен на својот Инстаграм-профил.

Инаку, пред неколку денови се појави и информација дека Том Круз е задржан во карантин поради коронавирусот. Имено, славниот актер престојува во Венеција каде го снима продолжението на филмот „Невозможна мисија 7“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...