Џеват Исени со пиштол врти оро на свадба

1360

Претседателот на бордот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Џеват Исени, на снимка што сам ја споделил на социјални мрежи, а ја објави телевизија Канал 5, се гледа како на свадбена веселба се појавува со пиштол во појасот.

Иако според закон забрането е носење на огнено оружје на јавно место, јасно се гледа дека додека тој врти оро, на појасот му е закачен пиштол.

– По објавата на Канал 5 демантирам дека пиштолов е тоа што тие мислат. Тоа е гасен пиштол, кој е само сигнален. Поседувам и уредна дозвола – вели Исени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...