Џафери ќе може да гласа на претседателските избори

231

Претседателот на Собранието, Талат Џафери извршил увид во Избирачкиот список и утврдил дека сега е евидентиран.

Тој на референдумот за името не можеше да гласа, бидејќи го немаше во Избирачкиот список.

Тогаш претседателот на ДИК Оливер Дерковски рече дека фактот што на Избирачкиот список го немало Талат Џафери се должи на тоа што тој менувал лични документи и не го искористил правото да изврши увид во списокот и да реагира навремено.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...