Џафери ја прекина седницата поради лидерската оти сите биле за ЕУ и НАТО

1156

По дводневна расправа мнозинството попладнево го усвои дневниот ред на седницата на која е и точката за измени на Изборниот законик за избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК) по скратена постапка. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе од салата и не го гласаше дневниот ред бидејќи смета дека не може Изборниот законик да се менува без консензус од сите партии и ваквиот чин го оцени за насилие.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата со образложение дека дњл од пратениците ќе присуствуваат на лидерската средба која премиерот Зоран Заев ја закажа за 18 часот.

– Нели сите сме за НАТО и ЕУ. Ја прекинувам седницата за пратениците да може да одат на лидерската средба- рече Џафери.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...