Џафери- Чиамба: Проширувањето на ЕУ останува високо на агендата на Романското претседавање

64

Билатералните односи и соработка на двете земји на мултилатерален план континуирано се унапредуваат и збогатуваат, при што високо се цени ангажманот и посветеноста на Романија за полноправно членство на Република Македонија во НАТО и отпочнување на преговорите со ЕУ, соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери по средбата со Џеорџе Чиамба, министер делегиран за европски прашања во Владата на Романија.

Џафери го информирал соговорникот за актуелниот процес на уставните измени како финализација на имплементацијата на Преспанскиот договор.

– Министерот Чиамба ја поздрави успешната работа на Собранието на Република Македонија во целокупниот процес сврзан со Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција како клучен сегмент во пошироката цел – Република Македонија како земја – членка на НАТО и Европската унија. Информираше за подготовките на Романија за преземањето на претседавањето со Советот на Европската унија од јануари 2019-та година, нагласувајќи притоа дека проширувањето на ЕУ и натаму останува високо на агендата на Романското претседавање. Планирани се голем број конференции, меѓународни форуми и други придружни настани, при што ќе се обрне големо внимание и на парламентарната димензија, а за поттик на визијата на младата генерација ќе се организира една помирувачка конференција која треба да даде пример на државите од Западен Балкан, според германско – францускиот помирувачки процес, стои во соопштението.

Чиамба упатил отворена покана за учество на сите парламентарни настани, кои заедно со сите останати активности, ќе го сочинуваат Романското претседавање со Советот на Европската унија. Тој исто така информираше дека има еден пратеник со македонско потекло во Романскиот парламент, а највисоките државни институции на Романија неодамна донеле одлука 8-ми декември пригодно да се одбележува како Ден на македонскиот јазик во Романија.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...