Џафери цел ден се думаше и на крај закажа седница во 21 часот за имунитетот на Вељановски

1042

Претседателот на Собранието Талат Џафери во 21 часот ноќеска ја закажа пленараната седница за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, информираат од Кабинетот на Џафери.

Денеска цел ден имаше консултации и двоумења дали да се одржи вечерва пленарната седница, и на крајот од денот паднало одлука таа да почне во 21 часот.

Обвинителството го осомничи поранешниот собранискиот спикер Трајко Вељаноски како еден од организаторите на „крвавиот четврток“, со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Обвинителството бара притвор за Вељановски.

Барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељановски следи откако тој заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во средата беа приведени на распит поради сомнение дека се дел од организаторите на настаните од 27 април. Вељаноски тогаш се повика на пратеничкиот имунитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...