Џафери со роденденска честитка го смири Драган Данев, координаторот на ВМРО – ДПМНЕ

2576

Најпрво да ви честитам роденден господине Данев – му рече собранискиот претседател Талат Џафери на Драган Данев, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ откако денеска реагираше на седницата за пратенички прашања која доцнеше половина час и е закажана во исто време со комисиската расправа за европски прашашања.

Драган Данев денеска прославува 44 години.

-Владата и парламентарното мнозинство се неодговорни пред граѓаните. Половина час доцни седницата, вие сте непрофесионални и ги потценувате интересите на граѓаните – рече Данев.

Данев праша зошто денешната седница за пратенички прашања не била закажана за друг ден за да не се поклопи со седницата на  Комисијата за европски прашања , на што Џафери одговори дека тоа било направено поради негово престојно службено патување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...