Џафери со ист став како ДУИ: Не се прават промени на изборниот модел без консензус и пред избори

273

Претседателот на Собранието Талат Џафери е со ист став како партијата од која доаѓа – ДУИ, дека измени на Изборниот законик не се прават неколку месеци пред избори и без консензус од сите партии.

Тој потврди дека во собраниска процедура се предлозите за измена на Изборниот законик во делот на изборниот моидел и за отворени листи и дека за нив ќе се расправа на некоја од наредните собраниски седници. Помалите парламентарни партии со предлозите бараат Македонија да биде една изборна единица и пратениците да се избираат на отворени кандидатски листи.

– Што се однесува до моментумот, мислам декан без општ консензус не би требало дса се влез  во таков проект и обично такви проекти не се реализираат во последните месеци од работата на Собраниерто, затоа што промената изискува соодветни промени во моделот и во сите активности и надлежности на другите институции. Доколку се влезе во измени, треба на почетокот на мандатот на собранискиот состав за да може на другите институции да им се остави простор да ги спрведат одредбите од законот – вели Џафери.

СДСМ веќе најави дека ќе гласа за промена на Изборниот законик во делот на изборниот модел и отворени листи.

Против  измени на Изборниот законик на неколку месеци пред избори е партијата на Али Ахмети, а ВМРО-ДПМНЕ е за мнозински изборен модел.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...