Џафери: Се прават напори за колку-толку подобрување на ситуацијата на Ромите

139

Чест и задоволство ми е што денеска присуствувам на основањето и промовирањето на Интерпартиската парламентарна група за правата на Ромите во Република Македонија, рече во своето обраќање претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој додаде дека интерпартиски групи не се новина во Собранието, меѓутоа се доказ пратениците созреваат и се издигнуваат над партиските интереси и без оглед на политичката провиниенција од која доаѓаат, се здружуваат, соработуваат и прават нешто што е за општото добро, во овој случај, за доброто на граѓаните од ромската етничка заедница.

– На сите ни е добро позната генералната состојба на овие наши сограѓани, односно фактот дека се маргинализирани, недоволно интегрирани во општеството, со низок степен на вклученост во образовниот процес, со недоволна покриеност од страна на здравствениот сектор и ред други неповолности кои негативно влијаат врз нивната економска и општа благосостојба. Се прават напори за колку-толку подобрување на ситуацијата, притоа мислам на Декадата на Ромите, чијшто потписник е и Република Македонија, а не е мал ниту придонесот на невладиниот сектор, меѓутоа, не смееме да заборавиме дека ние сме претставници на народот, ние сме избрани од народот, ова е дом на народот и тука е местото каде што треба да се донесат, изменат и дополнат законите со кои ќе се санкционира оваа област. Сепак, не смееме да останеме само на донесување на квалитетни закони, туку, треба да се ангажираме во насока на вршење надзор врз имплементацијата, односно спроведувањето на тие закони – рече Џафери.

Според Џафери, само со заеднички сили, со координирање на активностите и насочување кон конкретни цели, ќе може да постигнат успех и тој успех ќе може конкретно да се рефлектира врз подобрување на животот на нашите сограѓани Роми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...