Џафери привремено ја прекина седницата за распуштање на Собранието

Пратениците ги донесоа Законот за одбрана и Законот за изменување и дополнување на Советот на јавни обвинители

487

Со вкупно 73 гласови „за“, пратениците го донесоа Законот за изменување и дополнување на Советот на јавни обвинители со што ја заврши 135. седница на која претходно  беше донесен и Законот за јавно обвинителство.

Собранието денеска го донесе и Законот за одбрана, а ја прекина привремено 137 седницата на која треба да се гласа по предлогот на претседателот на Собранието Талат Џафери за распуштање на Собранието.

Џафери образложи дека пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ побарале да се гласа и законот за аудиовизуелни услуги.

За подготовка на седницата е дадена пауза до 15 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...