Владата го повлече предлог законот по скратена постапка од 10 февруари. Констаирам дека предлог-законите за јавно обвинителство и за советот на јавните обвинители се повлечен и седницата е завршена. Продолжуваме со новата седница во 22 часот, констатира претседателот на Собранието Талат Џафери.
Плусинфо веќе објави дека владата го повлече вчера усогласениот закон со ДУИ за јавното обвинителство. Претходно објаснување за повлечените закони побара координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
– Она што се случуваше со уставните измени очигледно е пракса за ова владеачко мнозинство. Седницата закажана за 17 часот почнува во 21 часот. Пред малку добивме предмет за повлекување на законот за јавно обвинителство и нов предлог закон без потпис.
Цел ден сме во собрание а немаме никакви информации. Новиот предлог закон не е поминат на влада. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги немаат видено материјалите. Дополнително не информираа дека е закажана и нова седница, а не знаеме кои точки ги содржи. Овој терор и пазар што го правите во Собрание и усогласувате закони по прес конференции не наликува на ништо – рече Мицевски.
Тој побара еден час пауза за како што рече да добијат информација дали новите предлог закони се поминати на влада.