Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери упати честитка до припадниците од исламска вероисповед по повод денешниот празник Рамазан Бајрам.
„Посакувам овој празник да ве најде во добро здравје, во благосостојба во вашите домови и хармонија во семејниот круг. Ова се времиња на историски предизвик и искушенија за Република Македонија, и затоа посакувам меѓу сите граѓани да надвладее мудроста, разбирањето и визионерството. Заедно, сплотени, сме посилни, помудри и ќе бидеме ветер кој ќе ја носи Република Македонија во вистинскиот правец, а тоа е полноправно членство во НАТО и ЕУ, природен и цивилизациски дел од европското семејство и европските вредности“, напиша Џафери во честитката.