Џафери: Не сме венчани, нека кажат ако сакаат ново мнозинство

3849

За помалку од половина час треба да започне новата собраниска седница на која ќе се расправа за предлог-законот за Јавно обвинителство. Собранискиот спикер Талат Џафери вчера ја прекина седницата поради тоа што, како што рече, немало услови да продолжи затоа што за збор во расправата се јавиле 38 пратеници.

Но, најинтересен беше повикот на Џафери до партиските лидери да се изјаснат дали имаат желба изборите да се одржат на 12 април. Тој истакна дека сè додека добива пораки дека има можност за создавање друго мнозинство, тој ќе организира лидерска средба согласно Прижинскиот договор.

Реакцијата на Џафери следуваше откако генералниот секретар на владејачката СДСМ, Љупчо Николовски, изјави дека ако ВМРО-ДПМНЕ го оневозможува гласањето на законот, тогаш постои можност да се формира ново мнозинство, а изборите да се одржат во редовниот термин.

Џафери во изјава за Дојче веле тврди дека направил сè што е во негова надлежност, а од партиите побара да кажат дали навистина сакаат избори. Уште поинтересна е неговата изјава упатена до партиите: „Крај на краишта, не сме венчани“.

– Јас не продавам време и не располагам со екстра време. Не знам кој со кого се расправа и за што се убедува, но ако сакаат ново парламентарно мнозинство, ред е да дојдат и да кажат, а не да се расправаат преку мене. Нека објаснат зошто пред шест месеци се договорија да има избори на 12 -ти април! Ако не сакаат избори, ако сакаат ново мнозинство, нека кажат. Не сме венчани. Но, ако со тоа се вратиме во периодот на политичката криза каква што беше во 2015 година, тоа ќе биде нивен проблем – вели Џафери во разговор за ДВ.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...